“Вилијам речиси ќе се онесвестел од среќа кога Кејт му јавила дека е трудна”,вели близок извор за магазинот ‘Стар’ и додава дека сите во Бакингемската палата се одушевени , бидејќи на пат се првите близнаци во кралското семејство.
“Лекарите по точно 100 дена од венчавката, 29 април, ги потврдиле убавите вести. Сепак, Вилијам и Кејт сакаат ова да остане тајна, барем додека поминат три месеци”, вели изворот.
“Кејт беше под голем притисок околу наследникот, што значи ако роди близначиња тоа ќе бидат прекрасни вести, а воедно ќе бидат и први близнаци во кралското семејство”, вели биографотна кралското семејство, Кристофер Вилсон.
Меѓутоа, портпаролот на Бакингемската палата ја исмејал оваа вест и демантирал дека принцезата воопшто е бремена.