Астронаут од вселената успеал да го сними нападот на WTC

popara9 септември, 20111min00
0

НАСА им оддала почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година, и на својата официјална веб – страница објавила спомени и искази на некои од вработените.

Астронаутот Френк Калбертсон за време на нападот бил на Меѓународната вселенска станица, а исто така таму бил и единствен американец. Штом сфатил дека се случил напад врз Њујорк, тој веднаш го документирал целиот материјал кој бил снимен тој ден. Во тоа време тие летале токму над Њујорк, и Френк бил во можност да го сними терористичкиот напад од вселената.

– Светот денес се промени. Тоа што јас го правам или говорам не може да се мери со фактот што денес некој ја нападна нашата земја, напишал Франк во јавното писмо што го испратил на денот на нападот. Тој додал дека било тажно да се гледа “чадот што излегувал од раните на својата земја.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma