Рид од станови / куќи за живеење во Монтреал
Дали еден ден ќе се произведуваат куќи на производствена трака, како што се произведуваат автомобилите? Moshe Safdie, 28 години се занимава со истражување и пронаоѓање, роден во Израел. Неговиот “пронајдок“ – ридот за живеење – Хабитат – претставуваше архитектонска сензација за време на Светската изложба во 1967 година во Монтреал. “Кога автомобилите би ги произведувале на ист начин како што ги произведуваме куќите, тогаш многу малку од нас ќе купат автомобил“, изјавил. Според неговото уверување нема ниту едно паметно решение за решавање на станбениот проблем, со исклучок на изградба на куќи-ридови.
Канадските власти покажале храброст за прифаќање на проектот. Safdie како основен елемент изградил бетонски сандак долг 12 метри, широк 6 метри и висок 3 метри; становите се “изливаат“ на самата улица, а се изградени од специјален бетон и поставени се еден над друг, создавајќи пирамида од станови, кои на прв поглед ќе ве изненадат и ќе имате чувство дека лебдат во воздух, но доколку вниматено се залгедате, без сомнение ќе го забележите начинот на градење. Од 254 сандаци се изградиле 158 станови со различна квадратура. Целта на Saifde била, во секој од становите да има доволно светлина.
Доволно светлина е обезбедена и за градините во Хабитат. Секој стан има најмалку една мала градина. Покра тоа, на тој дванаесет катен рид за живеење изградени се и широки улици (до 5 метри), игралишта, продавници и угостителски објекти. Изградбата Хабитат, градот за живеење, чинеше 27 милиони евра.
Сега Moshe Safdie размислува за изградба на пирамида со илјада станбени објекти, висока 20 ката. Веќе се во тек преговорите со индијската влада – Индија во наредните 35 години ќе и бидат потребни 200 милиони станови, поради што Safdie, даде предлог за изградба на сличен проект како во Монтреал.