Карен Галачер (36) била зачудена кога открила дека нејзината новородена ќерка Фара е всушност најтешкото женско бебе родено во Велика Британија. Фара тежи верувале или не 5,7 килограми. Со својата тежина Фара е двапати потешка од тежината на просечно бебе. Нејзината тежина е неверојатно шокантна ако се знае дека нејзината мајка е висока само 157 сантиметри. Фара не само што е тешка 2 пати над просечната, таа е и за 13 сантима повисока од просечната висина на новородените бебиња. Фара е висока 63,5 сантиметри.
„Ни јас ни мојот маж Роберт не сме биле големи бебиња. Таа е посебна, таа е најтешкото женско бебе родено во Англија. Веднаш по породувањето не го знаевме тој факт. Семејството на Роберт случајно го дозна тоа од интернет. Ме одведоа во болница на 6 август никој не знаеше дека Фара е толку големо бебе се до тој момент. На неколку пати пробаа да се породам по природен пат, но кога открија дека всушност бебето е над природно големо, решија Фара да се роди со царски рез“ – изјавува среќната мајка.
Инаку титулата за најтешко родено бебе во Англија и понатака го држи Гај Воровик Кар, роден 1992 година со тежина од 7 килограми.