Истражувањето кое агенцијата Ипсос неодамна го спроведе покажува дека Мексиканскиот народ е оној народ кој најлесно ги опростува сексуалните испади на познатите личности (ѕвездите од шоу бизнисот и политичарите).
„Луѓето како бившиот директор на ММФ Доминик Штрос-Кан, американскиот конгресмен Ентони Винери или светски познатиот голф играч Тајгер Вудс, кои неодамна беа вплеткани во секс скандали доколку живееле во Мексико би поминале многу полесно околу осудите од страна на јавноста“ коментираат истражувачите.
Имено 57 проценти од Мексиканците се изјасниле дека доколку некоја ѕвезда од шоу бизнисот или некој политичар имаат сексуални афери, тие би им простиле.
Најголема толеранција после Мексиканците, покажаа Белгијците (55%), потоа Американците (48%). Далеку зад водечките се најдоа Французите со (33%), а најнетолерантни се Јапонците со (28%).
Вкупно гледано 44% од 18.700 испитаници во повеќе од 20 земји во светот изјавиле дека се спремни да им простат еден таков испад на познатите.
Следно на кое испитаниците требале да одговорат било прашањето „Што мислите која е причината за таквите сексуални испади, славата или човечката природа?“
Резултатите биле следни. 46 проценти од испитаниците мислеле дека тоа е заради славата, а 54 проценти дека тоа е човечката природа.