Не разговарате
Причините зошто некои двојки молчат за работи кои се однесуваат за нив во врската се бројни. Тоа е најчесто од стравот за раскинување или карање. Би требало да имате во предвид дека со времето малите проблеми стануваат големи, а тешко е да се решат и раскинувањето е веројатно.
Не слушате
Кога нас некој не критикува, природната реакција е одбрана, али би требало да знаете дека така си нанесувате штета на самите себе, и би требало да оставите без да приговотите работите да бидат кажани до крај. Освен што на партнерот не му давате прилика да каже што го мачи и што би требало да се промени, со напаѓањето само ја појачувате напнатоста. Пред да тргнете во напад, слушнете ја другата страна што има да каже и не гледајте на тоа само како критика, туку како совет од личноста која ве сака.
Очекувајте среќа
Можеби сте очекувале вашиот партнер да ве направи среќни или можеби вие него, но, има денови кога се ви изгледа црно, а и вашата подобра половина не е баш во најдобро расположение. Тоа е сосема нормално, никој вас неможе да ве направи среќни освен самите себе. Ако сте во среќна врска , не значи дека 24 часа дневно , 365 дена во годината имате осмех на лицето. Многу е поважно да знаете дека имате на кој да се потпрете.