Ако се верува на странските портали тогаш идната недела во јавноста треба да биде прикажан новиот Samsung таблет кој ќе работи на Windows 8. Порталот кој ја пренесе оваа вест Winrumors, јавува и дека за време на Microsoft BUILD конференцијата наменета за програмери ќе биде прикажан и таблет на ARM чип.
Ова според Korea Economic Daily, ќе биде прв пат Samsung и Microsoft да соработуваат во развој на хардвер.
Од компанијата Samsung не сакале да ги коментираат овие наводи. Сепак нема долго да се чека за да се види дали е ова вистина или не, бидејќи споменатата конференција ќе се одржи овој месец од 13 до 16.