Градови кои нудат највкусни десерти

popara10 септември, 20111min00
belgiski vafli

Локалните кулинарски специјалитети често привлекуваат туристи од целиот свет, особено ако станува збор за слатки кои буквално сите ги обожуваат. Повеќето дестинации низ светот имаат барем по еден препознатлив десерт. Ви ги претствавуваме градовите кои нудат најслатки десерти во светот.

Локум во Истамбул

Али Мухидин Хаџи Бекир е најпознатиот од сите слаткари во Турција. Во Истамбул дошол од планинското гратче Кастамонија во 1777 и отворил слаткарница која за брзо време се прочула како најдобрата слаткарница во отоманскиот свет. Во оваа слаткарница, која постои до ден денес, може да го пробате најдобриот турски локум на светот, познат како rahatluk, како и многу други ориентални десерти. Слаткарниците од овој бренд може да ги најдете во близина на пазарот за зачини, во близина на хотелот Pera Palace, кај пазарот Kadikoy и на авенијата Istiklal Caddesi.

 

Чизкејк во Њујорк

Cheesecake, односно торта од сирење, е најпознатиот десерт во Њујорк, кој е буквално симбол на овој град. Најдобриот чизкејк го служи легендарниот ресторан Lindy’s кој се наоѓа во Midtown Manhattan, кој го служи познатиот десерт уште од 1921 година. Овој десерт се состои од крем сирење, шлаг, ванила и крцкави бисквити. Доколку сте во Њујорк, овој вкусен специјалитет вреди да го пробате и во ресторанот Junior’s во Бруклин, каде наместо бисквити, тортата се служи со грахам крекери.

Сладолед во Фиренца

За gelato, односно познатиот италијански сладолед, каков што го познаваме денес, се заслужни двајца фирентински слаткари. Првиот е Ruggeri, кој важи за творецот на шербетот кој го обожавала Катерина Медичи, а вториот е Bernardo Buontalenti, познат по десертите со замрзнато овошје. Во Фиренца може да го пробате најдобриот сладолед на светот, а слаткарите се во постојан натпревар кој ќе направи покремаст и посвеж сладолед. Од многуте слаткарници, ја издвојуваме Gelateria del Neri, во која може да пробате најразлични вкусови, од најслатките како сладолед од тројно чоколадо, до најнеобичните како сладолед од горгонзола.

Гула мелака во Мелака

Овој традиционален малезиски десерт е направен од скроб и шеќер од палма со кокосово млеко. Најубавиот гула мелака може да се најде во рестораните во покраината Мелака во Малезија, кои се познати по своите екстремно вкусни и уникатни специјалитети. Ви препорачуваме да го пробате овој десерт во ресторанот Nyonya Makko, каде гула мелака се подготвува уште од 1940 година.

Вафли во Гент

Сигурен начин да ги разликувате Белгијците од туристите е начинот на кој ги јадат вафлите, белгискиот традиционален десерт. Тие никогаш не нарачуваат вафли со чоколадни или кремасти додатоци – традиционалните белгиски вафли се јадат само со путер и шеќер во прав. Најпознатата пекара во најромантичниот белгиски град Гент се вика Etablissement Max и ги произведува познатите белгиски вафли веќе 120 години.

Pastel de Nata во Лисабон

Пред да кажеме нешто за овој десерт, треба да се напомене дека португалската индустрија доживеа „бум“ кога арапите во оваа земја го донесоа шеќерот. Во средниот век, во Португалија „цветал“ бизнисот за слатки таканаречени doces conventuais, од кои најпознат десерт бил pastel de nata, кремаст колач на база на јајца со малку цимет. Од 1837 најпознатиот Pastel de Nata може да го најдете во Antiga Confeitaria de Belem во Лисабон.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma