Кина почна да го гради најголемиот аеродром во светот

popara10 септември, 20111min00
peking-aerodrom

Во Пекинг започна изградбата на новиот мега-аеродром кој ќе биде голем колку Бермуда и ќе има девет писти.

Кога во 2015 годинаво Пекинг ќе се отоври  меѓународниот аеродром „Дасинг“ кинеската престолнина ќе стане најпрометниот воздушен сообраќај во која ќе слетуваат и полетуваат околу 370.000 патници на ден.

Забрзаниот развој на кинеската авионска индустрија доведе до „точка на пукање“. Невоможно е да се додаде еден лет во постоечкиот пренатрупан дневен распоред на пекиншкиот аеродром, изјавил Ли Џиасинг, кинескиот министер задолжен за администрацијата на цивилно воздухопловство.

„Кинескиот аеродром во Пекинг има годишен капацитет од 75 милиони патници. Мината година низ аеродромот поминале 73 милиони патници. За две години ќе бидат пополнети капацитетите, а аеродромите неможе да се прошируваат до недоглед“, изјавил Чао Јунчун, професор на кинескиот Универзитет за цивилно воздухопловстово.

Наместо ширење на старите, Пекинг планира во јужното предградие Дасинг да се изгради нов аеродром кој ќе се простира на 54 квадратни километри површина. Моментално тоа место се наоѓа на еден лас возење од центарот на градот, но раководителите на проектот планираат да изградат уште еден крак на метрото, па дури и уште една линија за брз воз.

Новиот аеродром треба да има осум писти за цивилно воздухопловство и една која ќе биде наменета за војската. За разлика од Лондон т.е. неговиот Хитроу,  кој моментално е најпрометен аеродром во светот, поголемиот дел од сообраќајот во Пекинг го обавуваат домашните, кинески патници. Оваа година кинеските патници биле четри пати побројни отколку странските.

Минатата година, кинеската авионска индустрија забележала профит од 5,6 милијарди долари, што е три пати поголема бројка од предминатата година. Во наредните 20 години Кина планира да купи најмлаку 4300 нови авиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma