Натан Марк Харди 35, покрај живи јастози украл и две кеси со ракчиња и свинско филе, кои потоа ги фрлал по вработените од продавницата од каде ги украл. Полицијата брзо потоа го фатила.
Натан од Мисисипи полицијата го фатила откако ја ограбил продавницата и двата живи јастози ги ставил во гаќи, пишува Дејли Мејл. Додека бегал од продавницата во обид да излезе од неа паднал и така бил фатен.
„Низ мојата полициска кариера сум видел луѓето да крадат се и сешто, но ова е прв пат во животот да видам како некој краде живи јастози во гаќи. Имал среќа што јастозите не му направиле поголема беља“, изјавил шефот на локалната полиција Вејн Пејн.