Ѕирнете ја новата „Vevo“ светска премиера на музичкото видео за збогувачката балада на Аврил Лавињ насловен како „Wish You Were Here“. Збогувачки сингл, бидејќи ова е најверојатно последната нејзина соработка со продуцентите Макс Мартин и Шелбек засега. Овој сингл е дел од последниот албум на Аврил „Goodbye Lullaby“. И текстот и акустичката продукција се одлични! Што се однесува до видеото, Аврил пее пред камерата и ни ги покажува силните внатрешни чувства додека пее. Во еден момент дури и заплакува.
На својот Твитер, Аврил напишала: „Солзите се вистински… без кромид!! :)“