Наташа Беквалац предизвика многу внимание во јавноста поради прекинувањето на врската со албанскиот бизнисмен Ќазим Османи, но таа уште повеќе ги збуни обожавателите со некои контрадикторни изјави.
Натка, по веста дека раскинала со 20 години постариот тајкун, се обидела да демантира дека тие воопшто биле заедно, па дури и дека се пријатели.
“Ние сме само познаници и тоа е се, бидејќи за близок пријателски однос, би требало да помине некое време”, изјавила пејачката, а потоа додала дека останала во Пореч со Ќазим, бидејќи одлучила да го “слуша своето срце”, а не советите од пријателите, кои и велеле да се врати во Србија.
Зашто да го ‘слуша срцето’ ако Османи и е само познаник…Е ова на никого не му е јасно, како ни коментарот поврзан за неговата жена и деца.
Натка, всушност додала дека бесмислени се трачевите на медиумите дека на јахта во Пореч биле и сопругата на Ќазим и неговите две деца. Повторно се поставува прашањето, зошто би и сметало да ја запознае сопругата на својот познаник?…Но Наташа на ова не дала никакво објаснување!