Да,да… и секс во бањата. Тој е напреден курс за партнери кои имаат завршено во кревет и сакаат да се прошират во сите простории во станот.
Прво морате да научите за сексот под туш дека никако не е безопасен. Во исто време, не зборуваме за сексуално преносливи болести, туку за коските, зглобовите, мускулите и се разбира за живот.
Без разлика дали во вашата бања имате голема када, или туш кабина, просторот во кој водите љубов е мал, вода има насекаде а вие не стоите мирно на место. Многу лесно може да се лизнете и да ја удрите главата од подот, на работ од кадата или да скршите коски.
Имајте на ум дека ви треба разумна глава за акција под туш бидејќе треба да бидете свесни за секој момент и да бидете во можност разумно да процените која поза можете да ја направите, а која не.
Важно е да направите атмосфера и да дадете добра предигра, која за мажите е битна. Немојте да брзате, полека отстранете ја облеката, милувајте, бакнувајте и надразнувајте. Водата ќе го испере природниот PH на вагината, што значи неговиот влез може да биде болен. Затоа погрижете се тоа да биде удобно, да бидете опуштени и во желни за акција.
Во никој случај немојте да користите сапун или гел за туширање како лубрикант. Вагината е осетлива на промена на PH факторот.