Познатата соул пејачка Адел откажа нови два настапи од нејзината тура низ Велика Британија, како последица на инфекцијата на белите дробови од која пејачката веќе одреден период не може да се опорави.
„Жалиме што мора да Ве информираме дека Адел ги одложи настапите закажани за 10 и 11 септември заради сериозна настинка и белодробна инфекција, кои го загрозуваат нејзиното здравје“, стои на официјалната веб страница на пејачката.
Според официјалните информации, докторите ја советувале Адел целосно да закрепне пред да продолжи со концертите. И посакуваме да оздрави и што побрзо да се врати на музичката сцена.