5-те најубави цвеќиња во светот
Canna
Не само што има прекрасен цвет, туку и листови кои потсетуваат на банана. Доаѓа во комбинација од најразлични бои, а популаризирана била во Виторијанската доба.
Cherry Blossom – Цветот на јапонската цреша
Во времето на нејзиното цветање, во Јапонија се организираат фестивали. Прекрасен е пејзажот кога ливчињата паѓаат и ја покриваат земјата под самото дрво.
Aquilegia coerulea
Расте на карпестите планини во САД на над 4200 метри надморска височина и е заштитена со закон. Ако ве фатат дека сте береле од ова цвеќе може да ве казнат од 5 до 50 долари.
Hydrangea – Хортензија
Магично снежно топче од цветни ливчиња. Се наоѓа во голем број на пастелни бои и е омилено цвеќе за украсување ма градините.
Calla Lily – Кала
Прекрасен цвет, но само на изглед. Овој цвет е од видот Zantedeschia и е отровен. Сите делови од цветот е отровни и опасни по животот на малите деца и животните.