Диета на база на грозје

popara11 септември, 20111min00
dieta 1

Подгответе се на време за престојните промени на времето, исчистете го телото и отстранете неколку килограми. Диетата на база на грозје ќе ви помогне да се вратите во одлична форма ако за време на летото малку сте се здебелиле.

Оваа диета е одличен начин на здрав начин да се ослободите од вишокот на килограми, бидејчи содржи многу вода, влакна, витамин А,Ц и Б комплекс и минерални соли. Покрај тоа, грозјете е средно калорично овошје ( 100 г содржи 60 калории ) и многу е богато со полифеноли кои го забавуваат процесот на стареење. Грозјето е идеална основна состојка на диетата која не само што че ви помогне да се ослободите од вишокот килограми туку ќе ви го прочисти и телото.

*Држење на диета на база на грозје секогаш започнете ја за време на викендот. Најдобро е тие два дена да се посветите да се опуштите и физичките активности да ги сведете на минимум. Сабота и недела менито треба да содржи три главни оброка од варен зеленчук, но за време на тие два дена треба да изедете 6 пати на ден по малку грозје и да испиете чаша зелен чај. Максималната доза на грозје е еден килограм. Ако за време на викендот се придржувате на ваквиот режим на исхрана во телото ќе внесете само 900 калории дневно.

*Меѓутоа од понеделник до петок диетата на база на грозје предвидува внесување од околу 1300 калории на ден. За појадок, треба да изедете 2 дл јогурт со интегрални житарици, за ручек само порција тестенини или ориз, додека за вечера можете да се почастите со порција тестенини со месо, риба, сирење или јајца. После секој главен оброк изедете по неколку зрнца грозје, а измеѓу оброкот земете чаша со свеж цеден сок од зеленчук по желба и грозје. Во понеделник изедете само 200 г грозје, но оваа количина на грозје постепено зголемете ја така да во петок, последниот ден од држење на диетата јадете еден килограм грозје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma