Ли Хадвин од Северен Велс не е некој одличен сликар, ниту пак е премногу заинтересиран за сликарството. Но тоа не го спречува да создава неверојатни уметнички дела. Најголемото изненадување е тоа што тој слика исклучиво додека спие.
Ли почнал да месечари уште од дете, но дека нешто навистина не е во ред сфатил во својата 16 година. Од тогаш неговите сеанси по сликарско спиење се чести, така што овој уметник-месечар има сосема добра кариера и голем број дела.