Следната година во кината ќе се прикажува вториот дел Експендиблс, со прекрасни вести за фановите на вераните на акционите филмови.
Продолжението на акциониот хит „The Expendables“ што во превод значи „платеници“ ќе се прикажува во кината во август 2012 година, а се потврди и актерското учество во филмот на Арлон Шварценегер и Брус Вилис, но овој пат ќе бидат со поголема минутажа во филмот и улогите ќе им бидат поважни за разлика од првиот филм.
Ветеранскава комбинација на актери ќе ги глумат истите ликови како во првиот дел, а улогата на режисер овојпат нема да ја има Силвестер Сталоне, туку Симон Вест ( Кон Еир). Значи од актерите досега се потврдени Сталоне, Џејсон Статман, Џе Л, Мики Рурк и Долф Лундгрен, а се спомнуваат и за улоги на Џон Траволта, Жан Клод Ван Дам и Чак Норис!
По се изгледа дека ќе биде поекстремен и „полуд“ од првиот дел! Епа ќе видиме!