Само оптимизам: Пишувањето благодарници и вежбањето, поттикнуваат позитивни мисли ако на нив се концентрираме свесно.
Благодарноста е една од основните состојки за среќен и исполнет живот, велат психолозите. Ако на нив не се концентрираме свесно, работите за кои во животот треба да сме благодарни лесно можеме и да ги занемариме. А за да се заменат негативните мисли со позитивни, треба да почнеме да пишуваме дневник и тоа со благодарници.
Во дневникот треба да се пишува се она што ве разеселило и она за што сме благодарни. Наместо постојано да бегаме од стресот, треба да ги научиме методите на позитивната психологија и да имаме уживање во секојдневието, велат експертите.
Вежбата наречена „три среќи“, ќе ви биде од помош во отргнувањето на песимистичките мисли. Се состои од тоа да се присетите на три ситуации, работи, лица кои ве израдувале во текот на денот, а потоа детално да ги опишете во дневникот.
Уживањето во моментите буди позитивна енергија. Наместо да ве обземаат рутинските активности, забавете го ритамот и уживајте во секакви моменти, како туширање, прошетка, јадење итн.