Детето пушач се закани! Ако не му се купат играчки, повторно ќе запалел цигара!

popara11 септември, 20111min00
dete-pushach

Момченцето од Индонезија Арди Ризал (Ardi Rizal), кој се здоби со светска слава само поради својата “никотинска” зависност, го шокираше светот повторно. Малиот Арди ја уценува својата мајка Дијана дека ќе пропуши повторно, ако таа не му купува играчки, изјавува неговата мајка за Daily Mail.
Тој пред новинарите изјавува, “никогаш повеќе нема да запалам цигара”, иако неговата мајка скришно го уловила неколку пати како пали цигара.
Арди престана да пуши откако посрамотените власти го испратија во центар за одвикнување од зависности.

httpv://www.youtube.com/watch?v=x4c_wI6kQyE

Но, новинарите открија малиот Арди не е единствениот случај во Индонезија.

Тие го пронајдоа двегодишниот Чаирул (Chairul) кој е истотака зависник од никотин. Малиот Чаирул веднаш по расонувањето пали цигара и во тоа му помага неговиот дедо. Неговиот дедо му дозволува да пуши и мисли дека нема ништо лошо во тоа. Тој цигарите ги споредува со “леб и крем”. Малиот Чаирул пуши и до две кутии дневно.
– Ако не пуши, не се чувствува добро. Сè е добро додека со цигарата пие доволно кафе- рече дедото.
-Ако му ја земам  цигарата, тој почнува плаче.

Во друг град, тимот  на новинари го откри седумгодишниот Маулан (Maulan) кој веќе научил да прави кругчиња од дим од гледање како тоа мајка му го прави. Пуши кутија цигари на ден. Неговата мајка вели дека знае дека цигарите се лоши, но не може да му ги земи бидејќи веднаш почнува да плаче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma