Во пожарот кој во саботата коќта избувнал во куќата во Холивуд Хилс, која е во сопственост на актерот Џек Николсон, повредени се двајца и предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат американските медиуми.
Површината на куќата зафакала 120 метри квадратни, на два спрата во близина на Мулхоланд Драјв. Николсон ја купил куќата во 1973 година, а во неа живеел само 2 години. Од тогаш ја изнајмува на пријатели. Последниот станар, актерот Вилијам Тунан се наоѓал во куќата кога избувнал пожарот, но успеал да се извлече.
Пожарот го гаснеле 85 пожарникари, од кои двајца завршиле во болница со полесни повреди. Уапеале да го изгаснат по час и половина, премногу доцна за да ја спасат куќата.