Најмногу деца родени при едно породување!

popara12 септември, 20111min00
ginis

Се работи за првата родена осумка каде сите деца преживеале. Оваа осумка е родена во една болница во Тексас, САД, во декември, 1998 година.

На овој ден, на свет дошле 6 девојчиња и 2 момчиња. Родителите на осумката позната како Чукву се американски граѓани со нигериско потекло. Мајката, Хала Еид, за време на породувањето имала 26 години.

Осумката е зачната со вештачко оплодување и за време на пораѓањето секое од бебињата тежело по околу 1 килограм. Најпрво било родено едно девојче, 15 недели порано од очекуваното, а останатите седум бебиња биле родени со царски рез, 13 недели порано од закажаниот рок. Најмалото од девојчињата кое тежело само половина килограм, за жал, починало една недела по раѓањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma