Тамара Еклстоун троши милиони за да се бања во „Кристал“!!! Па што кога и се може…

popara12 септември, 20111min00
tamara

Богатата наследничка Тамара Еклстоун, која во животот не заработила ни денар, без проблем ги троши парите на своето семејство за секакви „глупости“, како на пример за бањање во „Кристал“.

Тамара (27), во интервјуто посветено на нејзиниот раскошен живот, одговора на прашања како колку пари троши на гардероба, на купување куќи и на разни други работи кои се само фантазија за „обичнте смртници“.

„Секако поминувам многу време во бањата, па вреди да се бањам во „Кристал“. Не разбирам зошто луѓето се крижат за моите пари?“, вели Тамара.

На прашањето дали постои ривалство помеѓу нејзе и нејзината сестра Петра, Тамара вели дека тие се во одлични односи и дека Холивуд е доволно голем и за двете. Со тоа Тамара потврди дека се смирила со сестра и по жестоката караница која беше снимена и поставена на интернет.

Тамара вели дека потекнува од скромно семејство и дека нејзините родители не ја воспитувале да биде разгалена богаташка.

„Денес само ги користам предностите што ми ги даваат парите, за да си го направам животот поубав. Не планирам да работам полно работно време, но имам идеи кои ќе ми донесат пари кога ќе ги реализирам. Мислам дека ќе бидам успешна деловна жена“, вели богатат наследничка.

Па останува на Вас да одлучите дали Тамара навистина ги послушала родителите и не се однесува како „размазената богаташка“, а времето ќе покаже какви бизнис идеи има таа. Никогаш не се знае, може токму таа ќе измисли лек за СИДА, или нешто друго… :)))

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma