Една фамилија во Кина, толку многу ги сака мачките и кучињата што направиле прифатилиште за животни. Во тоа прифатилиште моментално се стационирани 1200 кучиња и околу 200 мачки. Годишните трошоци за одржување на прифатилиштето изнесува 32,000 долари.
Меѓутоа моментално прифатилиштето има големи проблеми. Имено кинеската влада сака да ја одземе земјата на кое е сместено прифатилиштето, а за возврат дава ново место кое ќе биде подалеку од населеното место. Причината за оваа одлука на Кинеските власти е големата галама која ја прават животните кои се згрижени во прифатилиштето.