Каде и се облините на Хајди Клум?

popara12 септември, 20111min00
Project Runway - Front Row - Spring 2012 Mercedes-Benz Fashion Week

Некогаш беше позната по своите феноменални облини, а денес искрено кажано, не можеме да ѝ го доделиме тој комплимент. Хајди Клум и понатаму изгледа фантастично, но се чини дека овој познат супермодел некако успеал да ги „избрише“ своите гради и колкови.

За време на снимањето на големото фианле за последната сезона од нејзиното шоу „Project Runway“, германскиот модел Хајди Клум се појавила облечена во фустан кој буквално ги сокрил или како во него да пропаднале облините по кои Хајди некогаш беше позната.

Во оваа прилика, 38-годишниот модел, мајка на 4 деца, имаше доста послаби раце, помали гради, а колковите како да и беа исчезнати.

Нејзината фигура е резултат на секојдневното трчање низ Њујорк, постојаното посетување на фитнес салите и сл. Не е тајна дека Хајди стои позади бројни спортски кампањи, каде се труди да ги поттикне луѓето да вежбаат и да бидат витки.

Хајди напоменува дека никогаш не планира да престане или да се откаже од здравите навики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma