Оваа роматична врска која започна летово, по сè изгледа добро се одвива бидејќи тие двајца веќе почнаа заедно да се појавуваат во јавност. Стејси Киблер (31) и 50-годишниот ерген Џорџ Клуни за прв пат беа забележани од папараците како заедно го напуштаат филмскиот фестивал во Торонто.
Погледнете ги само долгите нозе на Стејси и како таа блеска во друштво на најпосакуваниот ерген на денешницата.
– Изгледаа вљубено и доста наклонети еден кон друг. Баш како права двојка, – вели еден очевидец на фестивалот.
Кога новинарите ја запрашаа Стејси што е она што ја привлекло кај актерот таа едноставно рекла „Сè“. Таа верува дека помеѓу нив двајца има доста хемија и дека сето ова може да има среќен крај.