Актерката Ева Лонгорија заблеска за време на доделувањето на „Алма“ наградите. Нејзиниот елегантен фустан просто пленеше!
Доделувањето на наградите се одржа во Санта Моника, а кој друг освен Лонгорија би ги оставил сите присутни без здив?
„Алма“ наградите се доделуваат на латиноамериканските актери, режисери, музичари и дизајнери кои допринесле за позитивен углед на Латиноамериканците во светот на уметностите и забавата.
Овие награди се популарни и како „Оскари за Латиноамериканци“, а инаку самиот назив „алма“ на шпански значи душа.
Не се сомневаме дека на нејзиниот поранешен сопруг Тони Паркер, кој со сиот памет се решил да ја изневери, му испаднале очите од гледање!