1.Оптеретеност со својот изглед
Наместо да уживате и да се опуштите , некои жени, пред сè со помала самодоверба, за време на предиграта и самиот секс размислуваат како изгледаат. Оптеретеност со целулитот и прекумерената тежина е причина поради која жените не можат да се опуштат и да уживаат.
2.Што мисли за мојата вагина?
Ова е заеднички сексуален страв , оптеретување со изгледот на вагината. Особено кај младите жени кои не се сигурни и имаат помало искуство на она каква би требало да биде ” идеалната вагина”. Тоа е повторно оптеретување со идеал кој не постои. Мажите го сакаат природниот мирис на вагината, важно е само да е чиста и уредна, што не значи да биде без влакна.
3.Како да го задоволите сексулано?
Како да го задоволите партнерот не е едноставно прашање, сè се разликува од личност до личност. Некои сакаат грубо, некои нежно. Но постојат работи кои не можете да ги погрешите, а тоа се орално задоволување и дразнење по целото тело.
4.Зошто сексот понекогаш боли?
Причината може да биде психички, како што е страв пред првиот секс или анален секс, бидејќи тогаш не сме сеуште опуштени и очекуваме болка.
5.Страв од (не) посакана бременост
Тоа е сексуален страв кој не поминува со растењето, сепак во сексот поопуштени се средовечните жени затоа што се најискусни, и знаат дека можноста за зачнување на дете е мала.