Фактот дека се богати, убави и славни не значи дека познатите личности не сакаат понекогаш „да откачат“ и да направат нешто непромислено и храбро. Ви ги претставуваме најхрабрите жени во Холивуд, кои понекогаш знаат да направат работи кои не се својствени за жените, работи за кои едноставно е потребно да имаш „м..а“.
- Кејти Пери: Пејачката се опушта пред настапот во Нов Зеланд со банџи џампинг
2. Ана Паквин: Вампири, пазете се. Оваа актерка, позната по улогата во „True Blood“ во слободно време тренира бокс.
3. Пипа Мидлтон: Сестрата на најновата принцеза Кејт Мидлтон трча секојдневно по неколку пати на ден.
4. Пинк: На доделувањето на наградите Греми, Пинк ја испеја својата песна „Glitter in the air“ додека се лулаше високо на две сатенски ленти. По настапот пејачката изјавила дека навистина и било страв дека ќе падне и ќе се повреди.
5. Мишел Обама: Иако е жена во години, мора да признаеме дека првата дама на САД изгледа одлично. Тоа е затоа што таа тренира аеробик, но и дека прави склекови, особено кога во прашање е собирање на пари за хуманитарни цели.
6. Камерон Дијаз: Иако изгледа нежно и женствено, актерката покажа дека е навистина силна кога дигна гума од 150 кила на плажите на Мајами.
7. Ла Ла Васкез: Откако се омажи, актерката навистина стана похрабра. На нејзиниот меден месец, Васкез се возела на жица над еден кањон во Костарика.
8. Кендра Вилкинсон: Внимавајте со оваа зајачица – кога не позира за „Плејбој“, таа тренира кикбокс.
9. Анџелина Џоли: За преубавата актерка може со целосна сигурност да кажеме дека е најхрабрата жена во Холивуд, а и пошироко. Да тргнеме од фактот дека Анџелина ги сними лично повеќето сцени за филмот „Лара Крофт: Ограбувач на гробници“, за кои реално има потреба од каскадер. Ова е сцена од нејзиниот нов филм Salt, за кој актерката исто ги сними лично и опасните сцени. Овде ја гледаме Џоли како снима сцена качена на зграда со 12 спрата.