На саемот за аеронаутика, Аеро Фридрихшафен, претставен е лесениот и евтин хидро авион FlyNano. Тежок е се на се 70 килограми, чини 27.000 евра, а во продажба ќе биде пуштен за 3 месеци.
Финскиот инжињер по аеронаутика, Ако Соукас, го изработил овој хидро авион, кој е тежок 70 килограми. Освен што осовината и останатите делови изработени од јаглеродни влакна му осигуруваат мала маса и лесно управување, границата од 70 кг е магична и поради тоа што за управување на потежок авион потребни се огромен број на комплексни документи.
Односно, доволно е да му се уплати на Соукас депозит од 900 евра и со тоа ќе добиете испорака на авионот FlyNano веќе оваа година, а добивањето на потребните дозволи се решава веднаш. На купувачите им се нудат 3 модели: електричен со мотор од 20 KW, и два модели со бензиски мотори со сила од 24 KS, и 35 КС. Последниот модел, воедно е и најскап, чини 27.000 евра.
Вкупната маса за полетување е 200 кг, што значи дека нема место за копилот, но затоа FlyNano лета со брзина од 140 км на час во радиус од 70 километри и е многу интересен за управување (тврди Ако).