Многу научни истражувања имаат покажано дека одредени врсти на прехрамбени производи и лековите билки позитивно влијаат на функционирањето на мозокот, меморијата и концентрацијата.
По 50-тата година, многу се поголеми шансите за губење на краткотрајната меморија. Во последно време, овој проблем се јавува и кај помладите луѓе. Научниците сметаат дека еден од главните причинители кои предизвикуваат слабеење на меморијата е недостатокот хемикалии одговорни за паметењето (се произведуваат во мозокот), но и поради атеросклероза, лоша циркулација, употреба на некои врсти лекови и емотивни проблеми.
Со правилна исхрана може многу да се влијае врз подобрување на меморијата и концентрацијата. Храната која содржи заштитени масти (месо, полномасно млеко, сирење, путер…) го намалува протокот на крв во мозокот и го пореметува паметењето. Слично дејство има и алкохолот, особено ако се конзумира во подолг период. Ние ви предлагаме 5 производи кои ќе имаат извонредно влијание врз работата на вашиот нервен систем.
Пивски квасец
Се препорачува да биде застапен во секојдневната исхрана, а особено за луѓето кои имаат проблеми со нервниот систем. Поради витаминот Б кој го содржи, пивскиот квасец ќе ви обезбеди правилна работа на мозокот, поголема концентрација, и намален умор и депресија. Може да се најде во облик на таблети или во прав.
Ореви
Ова јаткасто овошје се смета за идеална храна за мозокот. Подеднакво делуваат и бадемите и лешниците. Сепак, треба да се конзумираат во умерени количини, бидејќи се доста калорични. Најдобро е да ги јадете како ужина во комбинација со житарки. Оревите се одличен извор на омега-3 масни киселини, неопходни за правилно функционирање на мозочните ќелии.
Алги
Морските алги содржат големи количини хранливи материи и витамини. Освен што ја подобруваат меморијата и концентрацијата, алгите го снижуваат и нивото на холестерол во организмот, а ги зајакнуваат и забите, косата и коските. Се користат како додаток со свежи или варени јадења. Можат да се најдат во сите продавници за здрава храна.
Рузмарин
Се смета за древен симбол на мудроста и со векови се употребувал за подобрување на мозочните функции. Рузмаринот содржи силен антиоксиданс кој штити од мозочни удари и други нервни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест.
Рузмаринот, велат е еликсир на младоста кој го подмладува мозокот и спречува бројни срцеви заболувања.
Какао
Докажано е дека народите кои редовно конзумираат какао, ретко заболуваат од кардиоваскуларни болести и не страдаат од мозочни удари. И науката го потврди благотворното дејство на какаото; влијае на когнитивната способност.
Какаото придонесува и за добро расположение и не предизвикува несакани дејства како кафето. Се препорачува да се конзумира во прав.