Домашната библиотека не е само куп книги кои се чуваат за украс на полиците. Тоа е семејно богатство кое се наследува генерациски и се чува како нешто свето. Иако оваа традиција постепено губи од значење, ние ви предлагаме пет наслови на книги кои според нас секоја домашна библиотека треба да ги има, а вие слободно дополнете ја листата со ваши предлози.
1. Библијата
Не е потребно да се зборува за вредноста на оваа книга. Ако не поради религиското учење, тогаш поради идеите и мислите кои се безвременски и убедливо употребливи низ сите векови назад во историјата. Ако штотуку почнувате со колекцијата на домашни книги, нека ова биде една од првите книги кои ќе се најдат во неа.
2. Умешноста на војувањето, Сун Чу
Оваа книга е напишана пред повеќе од две илјади години од страна на кинескиот филозоф Сан Чу. Тематиката на книгата е војувањето, но во преносна смисла. Се работи претежно за внатршно психичко војување со себе и со останатиот свет. Основната идеја е дека најдобар лидер е оној кој битката ја добива без неспосредна борба.
Книгата е основна литература на бројни државници, бизнисмени, маркетинг експерти…
3. Делата на Шекспир
Не ви советуваме да ги купите сите драми и сонети, но добро е ако ги селектирате брем најпознатите. Шекспир е најголемиот писател-великан на сите времиња и еден од најострите умови што било кога живееле. Неговите дела пленат со остроумност, трагични моменти да ве прочистат, комични да ве насмеат и безброј мудри изреки.
4. Голема тематска енциклопедија
Не ви препорачуваме некој посебен автор, едноставно изберете енциклопедија за која вие сметате дека е неисцрпен извор на знаења, и секако да биде со понов датум. Ако биде на англиски уште подобро.
5. Комплет книги за Хари Потер
Комплетот седум книги за најпознтиот дете-волешбник е нешто што секоја куќа треба да го поседува. Каменот на мудроста, Одајата на тајните, Затвореникот од Азкабан,Огнениот пехар, Редот на фениксот…