ПОЈАДОК
Голема чаша вода или чај или природен сок. Овошјето и соковите можете да ги јадете и пиете кога сакате.
УЖИНА
Голема чаша вода, чај или природен сок. Неколку плодови овошје, по можност комбинирајте ги. Во зависност од годишното време, највеќе вода содржи ( есен/зима) грозје и цитрон или ( пролет/лето) диња и лубеница.
РУЧЕК
Голема чаша вода пред јадење и чај после јадење. Менито се состои од зеченчук, салати, со додавање на оцет, масло, лимон и зачини по желба. Во салатата можете да додадете и маслинки. Смеете да јадете и било каков вид на конзервиран зеленчук: аспарагус, артишок, зелена салата, моркови, пиперки, краставици, лук, пченка, соја, домат….
УЖИНА
Голема чаша вода, чај или природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 грама сирење или парче овошје.
ВЕЧЕРА
Напијте се чаша вода пред и по јадење, 100 грама месо ( пилешко, телешко ) или 150 грама риба ( ослич ) или едно јајце со зеленчук и овошје.
Внимание: Диетата никако не смее да се држи цела недела бидејќи ќе ја наруши рамнотежата во организмот. Смеете да ја држите преку еден ден и тоа само повремено.
Важно: Пијте најмалку осум чаши вода дневно, а исхраната мора да биде богата која содржи многу вода – значи овошје и зеленчук.