Откако светските медии се распишаа за неблагодарноста на Мадона за цвеќето кое и го подари обожавател, таа сама одлучи да се оправда. Денес пејачката на ју туб постави видео кое се вика Писмото на Мадона за Хортензиите. Мадона во краткото видео гали хортензија во романтична атмосфера.
– Незнаеш колку ноќи изгубив додека размислував како те повредив. Срцето ќе ми пукне од тага. Треба да знам дека можеш да ми помогнеш.
На крајот сепак го покажа своето мислење за хортензиите, фрла една на подот, ја гази и порачува:
– Ова е слободна земја! Па е… се , јас сакам ружи!