Мало детенце од Камбоџа, старо само 20 месеци, тешко ја поднело загубата на своите родители кои го оставиле во потрага за подобар живот. Тоа нивната замена ја пронашло во крава, чие млеко од нејзиното виме го пие двапати дневно.
Малиот Сопат двапати дневно оди до кравата и цица од нејзиното млеко. Дедото и бабата се стари и немоќни да му помогнат, а кравата го прифатила детето како свое чедо.
Бидејќи детето било оставено од свите родители, тоа замнена за својата мајка ја пронашло во кравата. Гледајќи го телето како цицало млеко од кравата, 20 месецниот Сопат со лазење стигнал до кравата и почнал да пие млеко од нејзиното виме. Бабвата и дедото се обиделе да го сопрат Сопат, но тој непрестано плачел, па така одлучиле да го остават детето да продолжи да пие млеко од кравата.
Дедото на Сопат открил дека тој вака се храни уште од јули, кога бил оставен од неговите родители.