Автомобилите денес напредуваат до степен на вградени Блутут или Џи Пи Ес навигации, а може да се најде и такви со вградени Ви Фи хот- спотови, што им овозможува на сопствениците интернет пристап на автопатските патишта.
Технологијата отиде толку напред, што на корисниците им овозможи и стартување на своето возило преку сензор од мобилниот телефон, додека Гугл истражува автомобили кои сами би возеле.
Некои нови вградени технологии во радијата, седиштата или кочниците не се сигурни поради хакерите, а се поновите технологии во индустријата не обрнуваат внимание на овој вид опасност, предупредуваат од фирмата МекКафи.
Нема некои конкретни докази во праксата за опасноста од загрозување на сигурноста на автомобилите, но затоа постојат истражувања кои насочуваат на начините како би можело овој проблем да се случи.
Фирмата за безбедност Исек Партнер минатиот месец покажа како да го отклучите автомобилот и да го стартувате со помош на дигитална технологија, притоа да го следите преку Џи Пи Ес координатите преку праќање СМС пораки со кои го пробивате сигурносниот систем на возилото.
Од МекКафи ги предупредуваат купувачите да го разгледаат новото возило на кој начин е тоа поврзано со интернетот и дали е добро осигурано.