Градови – како изгледале во минатото, а како денес?

popara13 септември, 20111min00
london-central

Дали некогаш сте помислиле на можноста да отпатувате во минатото? Десет, педесте, сто години? Како би изгледале градовите, околината, природата тогаш во однос на денешните. Еве неколку споредби на стари и познати објекти.

Кабул – Авганистан  ( пред и по талибанците)

Главниот град на Авганистан, Кабул беше постојана цел на напади од Советските сили во 1980-тите, а потоа и на Талибанците, кои значително ја забавија изградбата на градот. За разлика од другите градови во оваа листа, Кабул е единствениот со негативен развој. Од мирен и селен град  се претвори во урнатини, а жените таму се прогонувани. Кабул е сеуште централна мета на напади и бомбардирања на различни бунтовници, кои само дополнително ја комплицираат неговата реконструкција.

Банког – Тајланд

Иако улиците на покрај паркот Лумпини во Банког Pratunam пазар во Бангкок останаа речиси непроменети, промени претрпела висината на самиот град. Таму каде што некогаш стоеја мали згради сега се издигнуваат десетици вртоглаво високи облакодери кои ги формираат познатите  контури на градот. Паркот Лумпини денес се наоѓа во средината на важен бизнис центар и досега служел за организација на неколку важни настани во Банког.

Центарот на Ротерхајт – Лондон

Сместен на јужната обала на реката Темза, Ротерхајт уште од периодот на кралицата Елизабета бил пристаниште, а големи промени доживеал во 1980-тите години кои траеле се до 1999 година.

Дрезден – Германија (пред и по нападот)

Како кралска резиденција на Саксонските кралеви, Дрезден со векови била една од водечките културни и уметнички центри пред тој да биде нападнат седум пати од британските и американските воздушни сили во периодот од 1944 до 1945 година. Врз градот се фрлени речиси четири илјади бомби, кои целосно уништиле 39 квадратни километри од центарот на градот. По војната, за време на советската окупација и обединувањето на Германија, пејзажот на Дрезден заживеа, и полека се врати поголемиот дел од претходниот изглед.

Дубаи

Иако уште во 1085 година се споменува постоење на некоја населба, “вистинскиот” Дубаи е создаден во 18-тиот век како мало рибарско место. Големиот развој почна во 1960-тите со откривањето на нафтата, која привлече бројни имигранти кои ја зголемија побарувачката за нови згради и конечно беше родена модерната метропола – Дубаи. Меѓу неговите згради е Burj Dubai (Калифа), највисоката зграда во светот висока 828 метри.

Зградата Flatiron во Њујорк (Фулеровата зграда)

Сместена на 175-та Авенија на Менхетен во Њујорк, оваа зграда некогаш била највисоката зграда во светот, а нејзината иновативна конструкција и ден денес предизвикува воодушевување. Со 22 ката и вкупна висина од 87 метри, Фулеровата зграда е една од најпознатите градби во Њујорк. Зградата носи прекар Burnham’s Folly (глупоста на Брнам), затоа што архитектот Даниел Брнам, кој ја дизајнираше не доби шанса да се одбрани од критиките дека  зградата во облик на триаголник со голема височина ќе подлегне на налетите од силен ветер. Зградата денес има повеќе од сто години и сеуште е во функција.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma