Моделите на познатиот бренд „Викторија Сикрет“ делеа бакнежи и автограми на своите обожаватели во главната продавница на брендот во Менхетн, Њујорк, по повод вечерта на модата.
Топ моделите Алесандра Амброзио, Ерин Хетертон, Адријана Лима и Лили Алдриџ се дружеа со фановите и испраќаа бакнежи на насобраната толпа како дел од активностите на „Викторија Сикрет“ посветени на модната вечер.
„Здраво на сите!!! Мојата „модна ноќ“ беше навистина забавна. Каква беше вашата?“, напишала Алесандра Амброзио на својот профил на Твитер. Ќе и одговориме дека најубаво би било да бевме таму со нив.
Погледнете ги сликите и видеото и уживајте!!!
http://www.youtube.com/watch?v=5BSC6cq8S2U&feature=player_embedded