Идеална тежина за време на бременоста!

popara13 септември, 20111min00
pregnant-woman

Идните мајки кои се здебелуваат повеќе отколку што треба можат да имаат ризична или комплицирана бременост, па дури и проблеми после породувањето.

Ако чувствувате постојан глад во тек на бременоста, подобро е да изедете овошје отколку хамбургер.

Ако пред бременоста имавте нормална тежина, за време на истата не треба да добиете повеќе од 12 килограми. По породувањето, лесно е да се симнат тие килограми и да се вратите на старата линија без размислување за здравјето на детето.

Доколку во бременоста влеговте премногу слаби, тогаш дозволено е да се здебелите и до 16 килограми, но ако сте биде дебели никако не дозволувајте да добиете повеќе од 10 килограми.

Меѓутоа, зошто е толку важно да водите сметка за килограмите пред и по бременоста?

Причината е едноставна. Ако се здебелите повеќе од 12 килограми, во организмот почнуваат да се таложат масти и да се задржуваат течности, а тоа може да доведе до комлицирана бременост и сериозни проблеми по породувањето.

Истражувањата покажуваат дека на дебелите жени почесто им се раѓаат бебиња со срцеви маани и други абнормалности, во споредба со жените со нормална телесна тежина. Понатаму, кај пополните жени поголема е можноста за добивање дијабетис, висок крвен притисок, па и пораѓање со царски рез пропратен со обилно крварење.

Во првото тромесечје се добива килограм до два, а некои жени поради утрешното повраќање можат и да ослабат.

Во второто тромесечје, идната мајка добива пет до шест килограми, од кои бебето добива еден, а во последното тромесечје се добиваат дополнителни четири до пет килограми.

Непосредно пред пораѓањето, престанувате да се дебелеете, а некои трудници можат и да ослабат.

За да не добиете претерана зголемена тежина, кога чувствувате глад секогаш запрашајте се дали можеби сте само жедни, а не гладни поради хормоналните пореметувања во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma