Нов бизнис во Jапонија – хотел за покојни

popara13 септември, 20111min00
1

На прв поглед хотелот „ Lastelle“ сместен во предградието на Токио, Јокохама, изгледа како и сите други кои нудат сместување на изморените патници и љубовниците, но сепак, сиво-белата зграда со цветни прозори е всушност хотел за умрените.

Оние кои ги загубиле своите најмили, додека чекаат на ред во преполните крематориуми, можат да ги сместат во овој хотел.

Имено, овој необичен хотел располага со 18 мртовечки фрижидери, а цената од ден е 157 долари.

Пријателите и роднините кои сакаат да му оддадат последна почит на покојникот, тоа можат да го направат во хотелот „ Lastelle“ .

Доколку се случи некој да залута и да побара сместување во овој хотел, персоналот едноставно му објаснува дека имаат само „ладни соби“ , вели сопственикот на хотелот Терамура(71)

Во Јокохама просечното чекање за крематориум е четири дена, па така хотелите како овој се повеќе од барани. „Во спротивно луѓето мораат да ги чуваат телата на починатите дома, каде што немаат ниту место ниту услови“, нагласува Терамура.

Во Јапонија минатата година починале 1,2 милиони луѓе, а годишната стапка на смртност е 0,95 во споредба со 0,84 проценти во САД. Во просек секоја година умираат 23.000 луѓе повеќе од претходната, а според процените, во 2040 година ќе починат 1,66 милиони луѓе.

Бидејќи стапката на смртност е во постојан пораст, погребната индустрија исто така оди во нагорна линија. И покрај економските проблеми во последните две децении, Јапонците трошат повеќе од 1,2 милиони јени на цвеќе, урни, ковчези и останати погребни услуги. Годишно за погребни услуги се трошат дури 21 милијарди долари, односно дури два пати повеќе отколку што трошат Американците.

Во Јапонија е лесно да се започне бизнис во оваа индустрија поради тоа што не се потребни никакви квалификации ниту лиценци. Секој кој сака да отвори ваков бизнис, треба да обезбеди само канцеларија и телефон. Останатото, цвеќе и ковчези е лесно да се нарачаат, а салите за одржување на погребните обреди како и свештениците е лесно да се изнајмат.

Од друга страна пак, во САД, оној кој сака да отвори бизнис во погребната индустрија, мора да помине обуки во траење од три години и стажирање, пред да може да ја добие лиценцата за работа. Истражувачкиот институт во Токио предвидел дека до 2015 година пазарот за погребални услуги ќе вреди повеќе од 1,96 милијарди јени.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma