Членот на екипажот Александар Цизов, последниот преживеан од ужасната авионска несреќа во која загинаа сите членови на хокејарски тим Локомотив, се пробудил од кома. Иако некои медиуми објавиле дека тој бил префрлен на интензивна нега, РИА Новости пишува дека тој се уште е под постојан надзор, бидејќи неговата ситуација е се уште сериозна. Тој имал изгореници на 15 отсто од неговото тело и бројни фрактури.
Во понеделникот, почина хокејарот Александар Галимов, кој заедно со Цизов ја преживеа авионската несреќа. Галимов ќе биде закопан денес, пишуваат руските медиуми.