Обвинетиот Сотер Муле ја врзал 24-годишната студентка Паоло Капуто со друга девојка, и тројката изведувала садомазо јапонска техника под името “шибари”. Девојките биле врзани за вратот со исто јаже, и кога една од девојките се онесвестила, 24-годишната Паоло била задавена од јажето. Муле се обидел да ја спаси девојката со сечење на јажето, но веќе било предоцна.
Другата девојка била однесена во болница со сериозни повреди на вратот, но сепак била надвор од животна опасност, пишува АФП.
Сотер Муле првично бил обвинет за убиство, но бидејќи тој бил во врска со починатата девојка, тужителот му ја намалил казната, и го обвинил за убиство од невнимание.
Муле изјавил дека односот бил со претходен договор и дека тоа што се случило е трагична несреќа.