8. William Shakespeare
Роден во 1564 година, а починал на 23 април 1616 година. Англиски поет и писател, еден од најголемите писатели во Англија, светски познат драматург.
Неговите дела, како и колаборати, содржат 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски.
Најпознати дела се: Хамлет, Ромео и Јулија, Кралот Лир, Магбет, Ричард Трети и трите дела на Хенри Шести и уште многу други.
7. John F. Kennedy
Роден на 29 мај 1917 година, а починал на 22 ноември 1963 година. Триесет и петтиот Претседател на САД. Неговиот мандат траеше од 1961, до неговиот атентат во 1963 година.
По завршување на Втората светска војна бил дел од морнарицата на Пацификот, а по војната работел како новинар. Во 1947 година е избран во Конгресот, а во 1952 година станал Сенатор. Во 1960 година е избран за Претседател на САД, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година. Инаку John бил најмладиот Претседател во историјата на САД.
На 22 ноември 1963 година во Далас, врз него бил извршен атентат.
6. Abraham Lincoln
Роден на 12 февруари 1809 година, а починал на 15 април 1865 година. Тој е шеснаесеттиот Претседател на САД во периодот 1861-1865 година. Најпрво работел како продавач, потоа бил управник на селска пошта, но на крајот се определил да студира право.
Lincoln станал претседател во 1861 година, во еден од најкритичните периоди во САД. Во тој период во државата ситуацијата со ропството кулминирала иако граѓаните биле поделени во однос на ова прашање. Белците од северните држави биле против ропството, додека белците од јужните држави го сметале како неопходно за нивните плантажи на шеќерна репка и памук. Луѓето од север не се согласувале со начинот на кој црни луѓе биле третирани, поради што југот се отцепил од сојузот и ги формирал Конфедеративните Држави на Америка, составени од седум држави. Во 1861 година избувнала Граѓанската војна.
Lincoln одлучил да го поддржи сојузот и да го укине ропството. Во 1862 година Lincoln прокламирал дека почнувајќи од 1 јануари 1863 година, сите робови во конфедеративните држави се слободни.
Во 1865 година бил убиен во театар само неколку дена по завршување на Војната.
5. George Washington
Роден на 22 февруари 1732 година, а починал на 14 декември 1799 година. Првиот американски Претседател во периодот од 1789 до 1797 година.
Washington бил на чело на силите во Северна Америка кои во 1774 година дигнале востанание против британската власт. Востанието било кренато бидејќи на граѓаните им биле наметнати високи даноци кои требале да ги плаќаат на лондонската влада, а притоа самите немале претставник во Британскиот парламент кој ги донел тие закони.
Во тоа востание, Washington успеал да ги совлада британските сили и ја принудил Велика Британија да ја признае незвисноста на Соединетите Американски Држави. Официјалното прогласување на независнот било на 4 јули 1776 година.
Washington бил избран за прв Претседател на САД и останал на функцијата во текот на два мандата, а денес меѓу Американците е познат како „татко на нацијата”.