Според американските филмски медиуми, Расел Кроу и Хелена Бонам Картер планираат да му се придружат на Хју Џекман (кој ќе го глуми Жан Валжан) во најновиот проект за филмот „Les Miserables“ или Клетници.
Овие две ѕвезди моментално се во преговори за да станат дел од тимот кој ќе работи на овој филм што е адаптација на суперпознатиот роман на францускиот писател Виктор Иго.
Дејството во книгата, и секако во филмот, се случува во Франција во 19-тиот век, а Расел Кроу треба да ја игра улогата на полицаецот Жавер.
Бонам Картер е предвидена за улогата на г-ѓа Тенардие, понежната половина од злобната двојка која поседува еден конак во романот и на секој начин гледаат да се збогатат и да ја искористат малата Козета. Оваа актерка доби награда за нејзината улога како кралицата Елизабет во филмот „Кралскиот говор“ што оваа година освои неколку Оскари.
Се чини дека и оваа филмска адаптација, со оглед на тоа колку добра тематика обработува и која е актерската екипа, ќе цели на неколку Оскари и признанија. Режисер на филмот е Том Хупер.