Папата на суд поради педофилија во Католичката црква

popara14 септември, 20111min00
rom_vatikan

Жртвите на свештеник педофил поднеле жалба до Меѓународниот кривичен суд против Папата и други претставници на Католичката црква за “злосторства против човештвото.”

Како што е наведено од здружението на жртвите на педофилија, SNAP, тие се обвинети бидејќи ги “толерирале и воедно овозможиле систематски прикривања на сексуални злосторства врз деца во целиот свет.”

Со тужбата е приложено и 10.000 страници документирани случаи на педофилија, навеле од здружението SNAP.

Членови на ова здружение се од Германија, САД, Холандија и Белгија, четирите земји кои се вклучени во скандали со педофилија во црквата.

“Злосторствата над десетици илјади жртви, воглавно деца, се прикриени од страна на високи претставници на Ватикан. Во овој случај, сите патишта водат кон Рим”, изјавила адвокатката Памела Спис која правно им помага на жртивте од здружението SNAP.

Католичката црква e погодена со серија случаи поврзани со педофилија, во која се обвинети свештеници и верници од Европа и САД, а црквата сето тоа го прикривала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma