Рација во бордел во Германија: Сексуални услуги нудело девојче кое имало само 13 години

popara14 септември, 20111min00
0

Германската полиција минатата недела направила рација во сауна клуб во градот Гелзенкирхен. Полицијата добила дојава дека клубот всушност е бордел каде се проституирало девојче кое имало само 13 години. Девојките кои биле фатени во клубот ги покажале своите документи. Меѓу нив била и Гулчан, која исто така ги приложила документите за идентификација на кои пишувало дека таа била родена на 09.12. 1992 година. Полицајци наскоро открила дека документите за идентификација се лажни и дека таа е, всушност, девојчето што тие го барале.

– Исчезнувањето на девојчето било пријавено пред една недела. Се сомневаме дека ја присилиле на проституција. Добивме информации дека ја злоупотребувале двајца мажи, а подоцна ја нуделе на клиенти. Еден од осомничените (19) е уапсен, изјавила полицијата во германскиот Билд. Истрага била направена и врз сопственикот на клуб (48). Тој изјавил дека не знаел дека Гулчан е толку млада, а неговиот адвокат додал дека девојката била доброволно во клубот, како што можело да се види на видео снимката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag