Кога станува збор за цената и квалитетот на хотелското сместување, Лондон има најлоша репутација во Европа. Еден сајт за правење онлајн резервации (Триваго) спроведе истражување во кое од посетителите се очекуваше да го оценат квалитетот и цената на хотелското сместување во Европа. Лондон помина најлошо. Од вкупно 100 поени, освои само 72,2.
Најверојатно на резултатите најмногу влијаела скапотијата во Лондон, бидејќи и најмизерните хотели таму се доста скапи во споредба со другите европски метрополи.
Малку подобро поминаа Копенхаген, Амстердам и Парис кои на анкетата освоија неколку поени повеќе.
Се работи за 28 милиони луѓе кои оценуваа 50 хотели во 1000 европски градови, а најдобро искуство посетителите имале во Дрезден (82,32) и Краков (81,09).
Венеција, Барселона, Мадрид, Рим, Фиренца и Берлин се наоѓаат малку подолу на листата со по 80 поени.