Коктелите полни со непотребни калории! Избегнете ги!

popara14 септември, 20112min00
mojito_picnik

Ви претставуваме 10 коктели кои се бомба кога станува збор за бројот на калории кои ги содржат.

Се вративте од одмор, каде постојано бевте активни, лудо се забавувавте и игравте секоја вечер до бесвест. А кога застанавте на вагата, стрелката повторно си стои на истото место, па дури покажува и некој неочекуван килограм плус. Ништо чудно, доколку за време на жешките денови и ноќи вашиот избор за освежување и разладување паднал на коктели.

Алкохолот е вообичаен придружник на сите забави, во сите клубови и после сите фини вечери. Често забораваме дека алкохолот кој го конзумираме содржи голем број на калории кои веднаш се лепат за вашето тело. Покрај тоа, алкохолот нема никаква хранлива вредност, па телото не се заситува и по неколку испиени чаши, па постојано сме гладни и порачуваме уште повеќе. Внесуваме повеќе калории и нормално се дебелееме.

Некои коктели имаат повеќе калории дури и од оброк во МекДоналдс. Затоа, немојте да се залажувате дека одбегнувате калорична храна, ако навечер уживате да испиете по некое коктелче. Со лесниот, благ и овошен вкус, коктелите изгледаат привлечно и сосем безопасно. Но, размислете за состојките на еден просечен коктел… Само вотката, румот и вискито поединечно содржат повеќе калории од пивото или виното (околу 115 калории), а во коктелите секогаш се мешаат по два или повеќе алкохолни пијалоци. Калориската коктел бомба е уште пострашна кога ќе се додадат и сладок сируп, сок, па и шеќер.

Еве кои се 10-те најкалорични коктели кои треба да ги избегнувате доколу сте на диета или ја одржувате постојаната тежина.

  1. Long Island Ice Tea – 780 калории

2. Margarita – 740 калории

3. Pina Colada – 644 калории

4. White Russian – 425 калории

5. Mai Tai – 350 калории

6. French 75(Champagne Cocktail) – 250 калории

7. Fog Cutter – 225 калории

8. Gin/vodka & Tonic – 200 калории

9. Mojito – 160 калории

10. Cosmopolitan – 150 калории

Не дека сонцето нема да изгрее ако се напиете некој коктел, но сепак, пробајте да одберете коктел кој содржи само алкохол и лед, а избегнувајте ги тие богати со шеќер и слатки сирупи.

Ако одберете „king“ големина, коктелот може да содржи дури и до 1000 калории. Исто така, заборавете и на чоколадните коктели!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma