После петгодишната пауза, американскиот рок бенд „Evanescence“ – предводен од феноменалната Ејми Ли, повтроно се враќа на музичката сцена и тоа со нивниот трет и долгоочекуван студиски албум кој ќе се вика исто како и бендот. Би му дошло нешто како биографски албум на групата. Албумот треба да се појави на 11-ти Октомври, а водечкиот сингл е песната „What You Want“ која има тематика која потсетува на слобода. Засега оваа песна котира на 68-то место во САД, додека пак, во Британија синглот се најде на првото место на Рок листата.
Лично сметам дека песната е добра, но не може да се мери со претходните хитови на „Evanescence“. Ова е премиерата на музичкото видео за синглот во режија на Мејерт Авис.
Погледнете:
http://www.youtube.com/watch?v=IOP5shEs65o&feature=player_embedded