Двојката од реалното шоу Големиот брат се сеуште во голема љубов. По жестоките кавги и навредливи зборови тие се решија да ја обноват врската и засега добро им оди. Дека се тие во љубов покажува и нивното последно дело. И двајцата си истетовирале иста тетоважа на која пишува “Не жалам за ништо”.
Тетоважите ги направиле додека Маријана била на посета кај Немеш во Белград. Таа не сакала да каже на кое место се наоѓа нејзината тетоважа.